Конференција за поддршка на родителите кои имаат деца со аутизам
Повеќе од 120 родители, експерти и универзитетски професори денеска ќе учествуваат на конференцијата „Помош и поддршка на родителите кои имаат деца со аутизам“.
Конференцијата ќе се одржи во Музејот на македонската борба, во организација на Македонското научно здружение за аутизам (МНЗА).
Учесниците ќе можат да се запознаат со образованието за родителите на децата со аутизам во Македонија, Хрватска и Кипар, а ќе бидат претставени и примери за позитивни пристапи во оваа област.
Конференцијата е во рамки на европскиот проект „Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство“ (ESIPP).
Аутизмот е невроразвојна состојба која се карактеризира со тешкотии во социјалната комуникација и социјалната интеракција, како и ограничено и повторувачко однесување и интереси. Има околу пет милиони луѓе во аутистичкиот спектар во Европа - околу еден на секои 100 луѓе, кои секојдневно влијаат врз животот на повеќе од 20 милиони луѓе.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот