Македонија
5. јуни 2018 - 9:02

Конференција за миграцијата и Западен Балкан

Конференција за миграцијата и Западен Балкан - научени лекции и идни предизвици ќе се одржи денеска во ЕУ Инфо центар во Скопје, во рамки на бугарското претседателство со Европската унија.

На отворањето треба да се обрати амбасадорот на Бугарија во Македонија Иван Петков.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар, како што е најавено, ќе зборува за миграцијата и идните предизвици, а бугарскиот заменик министер за внатрешни работи Милко Бернер, ќе зборува за обезбедувањето на надворешните граници на ЕУ.