Македонија
8. November 2018 - 9:11

Конференција за медиуми и политика во Македонија

Конференција за медиумите и политиката во Македонија ќе се одржи денеска во организација на Програмата за медиуми во Југоисточна Европа на Фондацијата „Конрад Аденауер“.

На јавната конференција ќе се презентира анкета за јавното мислење за медиумите и надворешните работи.

За резултатите од анкетата на панел дискусија ќе дебатираат Мирче Адамчевски, претседател на Комисијата за жалби при Советот за етика во медиумите на Македонија, Александар Кржаловски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Драган Секуловски извршен директор на Здружението на новинари на Македонија и Ивица Соколовски, менаџер истражувач во ИПСОС Македонија.