Македонија
14. October 2016 - 8:25

Конференција за глобалните безбедносни предизвици врз Европа и Балканот

Во организација на Секретаријатот за европски прашања денеска во Министерството за надворешни работи ќе се одржи конференција на тема „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици врз Европа и Западниот Балкан и начините за справување“.

На конференцијата најавено е присуство на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Ќе се дебатира за различни теми од областа на безбедноста во контекст на актуелните предизвици и можностите за регионална и европска соработка. 

Конференцијата е дел од проектот „Одржлив систем за ЕУ обуки“ што е финансиран од страна на Кралството Норвешка.