Македонија
26. April 2018 - 14:05

Конференција за евроатлантската интеграција на Македонија

По настаните од 27 април кои беа превртна точка во надминувањето на долготрајната политичка криза Македонија е посилна и позрела, а е на пат да стане и пообединета и поцврста во определбата да биде суштински, а не само геопграфски дел на Европа. Во овој контекст Македонија своето место го гледа како дел од НАТО и ЕУ, како рамноправен партнер и сојузник во градењето на мирот и активен учесник во градењето подобар свет за сите.

Ова го нагласи државениот секретар во МНР Виктор Димовски на конференцијата „Македонија: Евроатлантска интеграција, нови предизвици и можности“ што се одржа денеска во МНР. 

Според него, сите ние имаме одговорност за потребата јасно да се адресираат и максимално да се искористат потенцијалите за кохезија во претстојниот период, а најдобриот начин да се зачува стабилноста и да се обезбеди просперитет на нашиот регион е натамошното запазување на европските и евроатланстките интегративните процеси.

- Цениме дека следните месеци ќе бидат клучни во тој поглед претстојните настани како самитот ЕУ-Западене Балкан во Софија, Европскиот самит во јуни, претстојниот самит на Берлинскиот процес во Лондон, како и самитот на НАТО во Брисел претставуваат силен импулс за интенциите за интеграција на регионот во НАТО и ЕУ. Македонија во овој поглед има јасни цели - покана за влез во Алијансата и зедничка политичка одлука на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори во јуни. Се надеваме и очекуваме дека нашата девиза во ЕУ и НАТО е навистина остварлива. Тоа е од интеерс за граѓаните на РМ, туку и за регионот и ЕУ и НАТО, рече Димовски.

Според националниот координатор за НАТО, Стево Пендаровски, до скоро политичарите во Македонија размислувале од избори до избори, ненавикнати да се размислува 10 или 20 години. Но во последната година со донесените закони за судство заедно со опозицијата и со случениот договор со Бугарија, како и разговорите со Грција за надминување на спорот со името каде јасно е изразена подготвеност за компромис врз достоинсатвена основа тоа е променето.

- Влегувањето на Македонија во повизоките фази на евроатланстките интеграции може да биде само или предоминантно домашен продукт. Тоа нема да биде подарок туку повеќе сатисфакција за вложените напори на добри политичари кои во зиминатиот период реално преземаа чекори многу повеќе мислејќи на РМ отколку на следните избори или на сопствениот политички рејтинг 

Со излегувањето на Велика Британија од ЕУ, беше спуштен ентузијазмот за проширување, рече Пендаросвки, но додаде дека го радува фактот што Франција се враќа на голема врата во Европа со најавите суштински предлози за трансформацијата на Унијата.

- Лично со нетрпение го очекувам француско-германскиот план за реформи во еврозоната не затоа што тоа ќе има директно влијание врз нас, туку затоа што тоа, според очекувањата треба да биде првата фаза од продлабочувањето на Унијата како предуслов за нејзино натамошно ширење, рече Пендаровски.

На конференцијата свои пораки упатија и амбасадорите на Франција и на Германија. Директорот на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР амбасадорото Абдулкадир Мемеди реплицирајќи на изјавата на францускиот амбасадор дека е потребно тпение и оптимизам за евроинтеграцијата,  рече дека нема потрпелива земја од Македонија, но нагласи дека тоа трпение треба да биде во корелација со една реална перспектива не многу далечна.

Конференцијата е во организација на Институтот за геостратешки истражувања и надворешна политика при МНР, во соработка со Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал и Маршал центарот на Република Македонија - Асоцијација на алумни.