Македонија
18. January 2019 - 22:42

Конференција ,,Водици 2019‘‘: Културното наследство и идентитетот - клучни за развој на туризмот

Државата мора себично да го чува  идентитетот на својот народ и културното  наследство и преку нив  да се презентира како уникатна во светот порачуваа експертите на седмата меѓународна конференција Видици 2019. Културното наследство  и идентитетот  се  важни елементи на современото секојдневно живеење.и клучни фактори за развојот на туризмот .

Преку својата историја и култура се промовираат нови туристички дестинации кои привлекуваат туристи.

На меѓунаодната конференција учество зедоа околу 60-тина научни и стручни лица од Македонија, Бугарија, Србија, Албанија, Азербеџан, Турција, Унгарија и Русија,кои деновиве во Струга и Охрид ќе се запознаат со традицијата и обичаите за големиот празник Водици.