Македонија
18. December 2017 - 8:40

Конференција „Управување со квалитетот во јавниот сектор“

Конференција „Управување со квалитетот во јавниот сектор“ ќе се одржи денеска во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка со Канцеларијата на ОБСЕ во Скопје.

На конференцијата ќе се обрати заменик-министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски и Џефри Голдст, заменик шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Ќе бидат претставени алатки за квалитет на јавната администрација во ЕУ, а ќе бидат бидат презентирани и резултатите од истражувањата за мапирање на состојбите и предизвиците во имплементацијата на CAF моделот (Заедничка рамка за проценки) и нацрт-националната рамка за управување со квалитет 2018-2020.

Предвидена е и панел дискусија за искуствата во имплементација на CAF моделот, каде сите присутни ќе имаат можност со свои препораки и предлози да се вклучат во подобрување на имплементацијата.