Македонија
15. December 2016 - 8:30

Конференција „Современите концепти на кризниот менаџмент“

„Современите концепти на кризниот менаџмент“ е тема на меѓународната научна конференција која денеска и утре во Охрид ја организира Центарот за управување со кризи на Македонија.

- Целта на конференцијата е да се соберат на едно место академската заедница, владините институции, граѓанските организации и приватниот сектор од Македонија и од странство, заради размена на мислења и искуства во врска со прашања поврзани со управување со кризни и итни состојби, соопшти ЦУК.

Конференцијата се организира во соработка со Факултетот за образовни науки од Универзитетот „Џонс Хопкинс“ од САД, Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип  и Универзитетот „Колегји бизнеси“ од Приштина, со поддршка од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Македонија.