Бизнис
15. September 2016 - 8:38

Конференција „Приватната безбедност во 21 век: Искуства и предизвици“

Меѓународна конференција „Приватната безбедност во XXI: Искуства и предизвици“ ќе се одржи денеска во Охрид во организација на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување и Институтот за безбедност, одбрана и мир.

Конференциската програма ќе понуди размена на знаења, искуства и практики од реномирани експерти од областа на приватното обебзедување од државава и странство. Се очекува да поттикне натамошен развој на научно-стручната мисла, продлабочување на соработката меѓу вршителите на дејноста и академската јавност и прогресивно дејствување во сите сфери поврзани со секторот приватно обезбедување, соопштија организаторите.

Дел од конференцијата ќе биде кампањата „Денови на приватно обебзедување 2016„  за информирање за актуелните состојби, предизвици и насоки за развој на дејноста приватно обезбедување.

Ќе биде промовирана и најновата публикација во издание на Комората на РМ за приватно обезбедување „Планирање и проценка на ризик во функција на заштитака на лица, имот и работење“.