Бизнис
31. October 2018 - 9:00

Конференција: Поттикнување економски раст преку развој на човечкиот капитал во Западен Балкан

Регионална конференција на тема „Поттикнување економски раст преку развој на човечкиот капитал во земјите од Западен Балкан“ ќе се одржи денеска во Скопје.

Конференцијата е во организација на Министерството за финансии и Светска Банка.

На конференцијата свое обраќање ќе имаат премиерот Зоран Заев, заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија Сирил Милер и министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Конференцијата е по повод одбележување 25 години од соработката на СБ со Македонија.