Македонија
5. April 2018 - 8:54

Конференција по повод Светскиот ден на здравјето

Конференција во пресрет на 7 април, Светски ден на здравјето ќе се одржи денеска во организација на Секретаријатот на здравствена мрежа на земјите од Југоисточна Европа и Регионалниот здравствен развоен центар за јавно-здравствени услуги со седиште во Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

На конференцијата ќе учествуваат државниот секретар во Министерство за здравство, Владимир Милошев, директорот на Институтот за јавно здравје на РМ, Шабан Мемети и раководителот на Секторот за промоција, анализа и следење на незаразни болести, проф д-р Елена Ќосевска.