Македонија
14. October 2015 - 8:35

Конференција „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“

Конференција на тема „Ограничување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“ ќе се одржи денеска во организација на Народниот правобранител на Република Македонија во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Конференцијата ќе ја отворат  шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Нина Суомалаинен, народниот правобранител Иџет Мемети и извршниот директор на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

На тема „Проблемите на Ромите при преминување на граничните премини“ ќе говорат заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, претставникот од Министерството за внатрешни работи Стојанче Чоклевски и Пировска.

На конфренцијата проф. д-р Јован Ананиев, член на Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата ќе говори на тема „Надминување на пречките во остварување на правото на слобода на движење на Ромите при излез од граничните премини“.