Македонија
4. March 2018 - 19:14

Конференција на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8-ми Март

Пред конгресот си велев можеби ќе успеам а можеби не, но сега знам и сум сигурен дека ќе успеам изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Хирстијан Мицковски на конференцијата во организација на Унијата на жени на партијата. Вели дека тоа им го должи на сите кои сакаат сигурна иднина и општество на можности и шанси. Мицковски со одговор и до оние кои за него како политички лидер велат дека е продолжена рака. 

-Во оваа прилика сакам да им порачам дека не само што криво нишаните туку и погрешно пукате господине Заев, јас Мицковски сум единствено на страната на народот и со таа помисла влегов по политиката, изјави Христијан Мицковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

За соработката на политичките субјекти во државата со меѓународниот фактор, Мицковски вели дека неговата партија е голем брод кој плови по немирно море и стабилноста им е потребна повеќе од се друго.

-Пловењето низ тоа море не е возможно без меѓународни конекции и пријателства и затоа во изминатиот период го посветив на создавање на нови или реобновување на постојните контакти. Така функционира модерниот свет вели Мицковски. 

Наместо бескомпромисна борба на Владата против злоставувањето на жените, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека станавме држава каде слушаме за сексуална злоупотреба на штитенички од домовите за кои недостасуваат многу информации а некој се обидува да го сокрие скандалот за да нема политичка одговорност. Со порака до власта и претседателката на Унијата на жени.

-Да нема реваншизам туку реформи, тоа го очекуваат сите па и ние, вели Даниела Рангелова, претседател на Унија на жени.

Унијата на жени на конференцијата додели и плакати на три жени кои се борци во општеството – Биба ДСодева од здружението Борка, Елена Кочоска од Полио Плус и мајка на седум деца која е членка на Унијата.