Конференција „Можности и перспективи за економско јакнење на жени“
„Можности и перспективи за економско јакнење на жени“ е темата на завршната конференција за проектот „Економско јакнење на жени во две општини“, што ќе се одржи денеска во Кичево, во организација на Британската Амбасада во Скопје, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и кичевската општина.
Целта на конференцијата е сумирање на постигнатите резулатати, зголемување на информираноста и отворање дебата помеѓу засегнатите страни и социјалните партнери за можностите и перспективите за развојот на женското претприемништво во Општина Кичево.
На конференцијата ќе се обратат британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари.
Најавено е учество на претставници од локалната власт, бизнис секторот, институции, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Регионалната стопанска комора, граѓански организации, жени кои имаат или се заинтересирани за отворање на сопствен биснис, како и успешни жени претприемачки.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари