Бизнис
3. November 2015 - 8:49

Конференција „Малите и средни претпријатија за регионален економски развој“

Конференција на тема „Малите и средни претпријатија за регионален економски развој“ организира денеска Младинскиот културен центар - Битола во соработка со Европската бизнис асоцијација, а во рамки на Европската недела на мали и средни претпријатија 2015. 

Конференцијата, која ќе се одржи во Битола, претставува дел од програмата со која Република Македонија се вклучува во активностите на Европската недела на мали и средни претпријатија 2015, кои се случуваат ширум Европа.

Целта на конференцијата е да се истакне виталното значење на малите и средни претпријатија за успешноста на економијата на една земја и нејзиниот регионален развој, особено имајќи предвид дека МСП одговараат на локалните и регионалните потреби, но и дека развиваат успешни приказни за иднината, значително придонесувајќи кон намалување на процентот на невработеност.

Конференцијата е поддржана од општина Битола во рамки на програмата за прослава на 4 ноември, Денот на ослободувањето на Битола.