Конференција „Има ли отворено општество во Македонија?“
Завршната конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“ организирана во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од основањето на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) ќе почне денеска во Скопје, а ќе трае и утре.
На отворањето на конференцијата денеска ќе се обратат претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Маја Бојаџиевска, претседателот на Фондациите Отворено општество, Патрик Гаспар и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.
Дел од темите на конференцијата се однесуваат на глобалните закани и предизвици за вредностите на отвореното општество, можните стратегии за зачувување на демократските стандарди, политичката култура во Македонија, состојбата со човековите права и слободи во земјава, транспарентност и отчетност на институциите во Македонија.
Ново на Сител
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО