Конференција „Има ли отворено општество во Македонија?“ | Сител Телевизија
Македонија
21. May 2018 - 9:04

Конференција „Има ли отворено општество во Македонија?“

Завршната конференција „Има ли шанси отвореното општество во Македонија?“ организирана во рамките на програмата за одбележување на 25-годишнината од основањето на Фондацијата Отворено општество - Македонија (ФООМ) ќе почне денеска во Скопје, а ќе трае и утре. 

На отворањето на конференцијата денеска ќе се обратат претседателката на Управниот одбор на ФООМ, Маја Бојаџиевска, претседателот на Фондациите Отворено општество, Патрик Гаспар и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев.

Дел од темите на конференцијата се однесуваат на глобалните закани и предизвици за вредностите на отвореното општество, можните стратегии за зачувување на демократските стандарди, политичката култура во Македонија, состојбата со човековите права и слободи во земјава, транспарентност и отчетност на институциите во Македонија.