Македонија
14. December 2018 - 9:10

Конференција „Децентрализација: Патот што претстои“

Конференција „Децентрализација: Патот што претстои“ ќе се одржи денеска во хотел „Александар Палас“ во организација на Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија (ЗЕЛС), поддржана од Мисијата на ОБСЕ во нашата земја.

Станува збор за средба меѓу претставниците на локалната и централната власт. Градоначалниците како и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС ќе дискутираат со повеќе министри.

Воведните излагања ќе имаат премиерот Зоран Заев, претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја.

Конференција претставува продолжување на досега воспоставената успешна соработка што ја градат општините со Владата на Република Македонија. Ќе бидат изнесени предизвиците со кои се соочуваат единиците на локалната самоуправа при спроведувањето на своите надлежности, како и одредени ставови и барања упатени до централната власт кои се во насока на градење на финансиски стабилни општини што ќе бидат во можност да испорачуваат квалитетни услуги за граѓаните .

Генералното собрание на ЗЕЛС, денеска ќе ја одржи и третата седница.