Македонија
23. March 2016 - 8:35

Конференција „Бездомништвото околу нас - јавно, скриено, потенцијално“

„Бездомништвото околу нас - јавно, скриено, потенцијално“ е насловот на конференцијата која во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, (издавач на уличното списание „Лице в лице“) ќе се одржи денеска во Скопје.

На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите  од  едногодишното истражување на бездомништвото во Македонија. Воедно ќе биде претставена и веб страницата www.bezdomnistvo.mk, а во рамки на работната група со претставници на инситуциите кои што имаат директен контакт со бездомни лица и со лица кои што се во ризик да го загубат домот ќе биде презентиран и методскиот пакет за работа со овие групи, како и инструментот за мерење длабочина на бездомништвото.

Истражувањето и конференцијата се поддржани од  Проект на УСАИД за граѓанско општество.