Бизнис
25. February 2016 - 15:27

Конфереција за ефектот од странските дирекни инвестиции во Македонија

Ивозот на странските дирекни инвестиции од слободните економски зони во Македонија во 2015 година достигнал 1,5 милијарди евра, односно нето извозот изнесува 230 милиони евра. Според анализите, увозот од 1,370 милиони евра преставува потенцијал македонските компании да бидат добавувачи на странските дирекни инвестиции.

Овие податоци денеска беа презентирани на конференција на тема „Ефектот на субвенционираните странски директни инвестиции врз македонската економија“ во организација на Здружението на млади аналитичари и истражувачи (ЗМАИ) кои го презентираа изтражувањето од ефектот на СДИ во Македонија.

- Вкупните трошоци во 2009 година за привлекување на СДИ Владата на Македонија ја чинеле 16.229 илјади евра и споредено со 2014 се зголемени за 45 проценти и изнесуваат 23.455 илјади евра. Вкупните трошоци во периодот од 2009 до 2014 година изнесуваат 109.858 илјади евра, истакна Горан Мојаноски од ЗМАИ.

Според анализата, економските презентации за време на роуд шоуата се еден од начините што Владата на Македонија ги применува за привлекување СДИ во зоните во последните пет години. Посетени се 31 земја, а остварени се вкупно 58 посети.

- Направена е алализи во квартални податоци за раст на инвестициите во Македонија од страна на земјите кои се посетени во периодот од 2011 до 2015 година. Оценките добиени од регресијата покажуваат дека постојат статистички значајни показатели дека секоја дополнителна посета во просек носи 3,25 милиони евра на Македонија во форма на инвестиции, додека секое зголемување на трговскиот биланс за еден милион евра со земјите опфатени со анализата, на Македонија, во просек и носат скоро 102 илјади евра помалку СДИ, истакна Мојаноски.

Според професорот Сашо Арсов анализите покажуваат дека има значајни подобрувања во однос на поддршката на СДИ во форма на фискалните ослободувања во делот на СДИ и во дирекните субвенции  во делот на платите на вработените. 

- Секоја земја која што има голема потреба од СДИ мора да понуди некој вид подршка. Прашањето е, нивото дали да биде повеќе или помалку, е прашање на определба на земјата, во смисла на една потреба од анализа дали ефектите ги даваат очекуваните резултати, рече Арсов.

Потенцира дека во Македонија е време да се направи реална проценка со реални податоци и бројки затоа што, како што рече,  може да се забележи дека има ограничени ефекти во делот на извозот. Не сум сигурен, рече тој, дека инвестициите ги даваат оние екстерни ефекти што се очекуваат, а тоа, од страната на инпутите и аутпутите, е поголем ангажман на македонските компании. Тој сугерира дека треба да се направи квалитативна анализа и да се постапува селективно.

Дополнителниот заменик министер за финансии Кире Наумов направи споредба со слична ситуација како Македонија со Република Србија. Според него Србија е политички и економски многу слична со случувањата во Македонија. Во Србија СДИ се привлекуваат на многу сличен начин. 

Игор Велевски од Агенцијата за странски инвестиции појасни дека за да се донесе некоја СДИ  мора да се субвенционира.

- Колку си помал толку е потешко да ја донесеш таа компанија кај тебе, односно барањата од тие компании што ќе бдат прикажани како интерес за да дојдат во Македонија се поголеми, истакна Велевски.

Нагласи дека се што се дава како државна помош на СДИ во Македонија е во согласност со важечките домашни закони за државна помош.