Конфекција во Ресен е ново жариште на Ковид-19
Петнаесет вработени од конфекција за текстил во Ресен се позитивни на коронавирус.
Општинскиот кризен штаб, како што информира денеска градоначалниот на Општина Ресен Живко Гошаревски, кој раководи со телото, препорачал затворање на конфекцијата на 10 дена, но препораката не била испочитувана.
– Има инспекции и вработени од Центарот за јавно здравје, постојано вршат контроли и прават епидемиолошки анкети кај вработените, посочи Гошаревски.
Нагласи дека општината ги презема сите потребни мерки за заштита на населението од коронавирусот и оти посебно се насочени кон училиштата каде што се одвива настава со физичко присуство.
– Постојано се врши дезинфекција на улиците и во јавните институции. Во Општина Ресен има училишта каде наставата се врши со физичко присуство и таму посебно сме насочени за заштита на најмладите. Постојано сме во контакт со директорите, се врши редовно дезинфекција, а се делат и заштитни маски за учениците, истакна Гошаревски.
Според него, во јавните институции и компаниите на територија на општината се почитуваат препораките за заштита на населението во време на пандемија.
Во општина Ресен во моментот има 47 активни случаи. Од почетокот на пандемијата биле регистрирани 211 заразени и шест починати. Во Ресен првите позитивни случаи се појавија во јуни.
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто