Македонија
28. November 2017 - 15:29

Коневски: Срамота е патриотите да лежат во затвор, додека терористите се на слобода

Срамота е патриотите да лежат во затвор, додека терористите се на слобода, изјави Ивица Коневски од ВМРО-ДПМНЕ, кој се приклучи кон демонстрантите од опозицијата, што протестираат пред Кривичниот суд.

„За настаните во Собранието на 27ми април треба да одговараат тие што направија пуч во државата и насилно ја презедоа власта“, смета Коневски.

Денеска полицијата приведе 36 лица, меѓу кои функционери и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, по повод настаните во Собранието на 27 април.

извор: Makfax