-->
-->
Коневски: Аеродром ќе добие затворен пливачки базен
-->
Аеродром ќе добие затворен пливачки базен, најави денеска кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски.
-Денеска во населбата Јане Сандански го промовираме проектот од нашата предизборна програма за изградба на затворен пливачки базен покрај кејот на реката Вардар. Станува збор за изградба на првиот затворен пливачки базен во Аеродром со олимписки димензии за ватерполо (33х25 метри). Ваквиот базен е од исклучителна важност за нашата општина, бидејќи не само што Аеродром ќе добие ново место за спортски настани и ќе го потврди уште еднаш епитетот „најспортска општина“, туку и дечињата ќе добијат можност за вежбање водени спортови во професионални услови. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните на претстојните локални избори, во оваа населба, исто така, ќе реализираме и низа комунални проекти што ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните, меѓу кои поправка на плочниците меѓу зградите и оштетените патеки. Со оглед на фактот што овој дел од општината изобилува со зеленило, ќе изградиме систем за наводнување со што ќе се олесни неговото одржување, напиша Коневски на својот Фејсбук профил.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок