Џет-Сет
20. May 2016 - 9:42

Конечно „тазе“ фотографија од Натали: Без шминка, провокација ама и помалку килограми!

Познатата поранешна манекенка и бинго девојка, Натали Грубовиќ, веќе неколку години живее во Србија далеку од очите на јавноста.

Македонската јавност веќе ја подзаборави, па дури изостануваат и нови фотографии на социјалните мрежи од нејзиното секојдневие.

Натали не ги сака популарните Фејсбук и Инстаграм, а нема ниту еден профил што во денешно време ретко кој го нема.

Меѓутоа, деновиве налетавме на една „тазе“ фотка од Натали која се најде на профилот на најзината најмала сестра.

За моментот од сестринската прошетка двете убавици заработија доста ласкави коментари од следбениците, а она што е забележливо е ноншалалантниот и опуштен изглед на Натали.

Едноставна фризура, облека и дискретна шминка ама и забележително помалку килограми.

1natali