Loading Video...
Кошарка
29. October 2018 - 9:38

Конечно „Тандерси“ се радуваа на победа

Ноќеска во кошаркарската НБА лига беа одиграни четири средби.
 
По четирите порази на стартот од новата сезона, синоќа „Тандерси“ пред својата публика го совладаа Феникс со 117-110. 
 
На Расел Вестрбук му недостасуваше една асистенција за да оствари дабл-дабл, а покрај 9 асистенции и 7 скокови тој постигна 23 поени, како и Пол Џорџ кој на крајот на третиот период реализира шут од половина терен. Нарлес Ноел средбата ја заврши со 20 поени за победничката екипа. 
 
Предноста на домашниот терен ја искористија и „Клиперси“ кои во Лос Алџелес славеа убедливо со 136-104 во дуелот со Вашингтон. Најдобар поединец на овој меч беше домашниот кошаркар Тобијас Харис кој оствари дабл-даб со 22 поени и 11 скокови. 
 
Французинот, Руди Гоберт ја предводеше Јута до победата од 113-104 на гостувањето кај Сакраменто. Тој покрај 23-те поени имаше и 16 скокови и 2 асистенции, додека Донован Мичел реализира 20 поени за „Џезерите“.
 
Шампионот Голден Стејт, славеше на гостувањето кај Бруклин со 120-114, меч во кој Кевин Дурант уфрли 35 поени, аСтеф Кари заврши со еден повеќе (35), притоа реализирајќи седум тројки со што стана првиот играч во историјата кој во воведните седум меча од сезоната успеал на секој да постигне по најмалку пет тројки.