Конечно поевтинување на цената на нафтата
По бранот поскапувања движењето на цената на суровата нафта на берзата во Лондон дава надеж дека конечно ќе имаме двонеделен период по кој Регулаторната комисија за енергетика ќе може да постави пониски максимални малопродажни цени.
Во моментов барел нафта се движи околу 75.5 долари и тоа е цената на која е фиксиран овој енергенс во последните неколку дена. Највисоката вредност во изминатиот пресметковен период беше 77 долари кон крајот на минатата недела. Сепак и тоа е под просекот од претходните две недели кој изнесуваше 78,6 долари за барел.
За очекување е во вакви услови Регулаторот во понеделник да пресмета пониска максимална малопродажна цена. За очекување е поевтинувањето да се движи меѓу еден и два денари по литар во зависност од дериватот.
Ново на Сител
-
За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите
-
ЦУК: Четири активни пожари, изгаснати 27
-
Во Прилеп е отворен 21. „Пивофест“
-
Трамп изјави дека нова група заложници во Газа ќе биде ослободена
-
Мадуеке официјално од Челзи во Арсенал
-
АЕК објави тендер за доделување радиофрекфенции за мобилна телефонија преку јавно наддавање
-
Повторно одложено враќањето на Барселона на „Камп Ноу“
-
Сончево и топло, со температури до 37 степени