Фудбал
8. April 2018 - 16:36

Конечно по 24 години Интер падна во Торино

Фудбалерите на Торино конечно прекинаа една непријатна традиција и по пауза од цели 24 години го совладаа Интер на свој терен. 

Јунак во победата од 1-0 беше српскиот репрезентативец Адем Љајиќ кој го постигна единствениот погодок кон средината на првиот дел по една грешка на гостинските фудбалери. 
Инаку од самиот старт Интер беше подобриот противник имаше шански пречка но дозволи домаќинот прв да го отвори резултатот и на крајот да ја сочува минималната предност. 
Со овој пораз неро-аѕурите се одалечуваат од позициите за ЛШ додека пак Торино си створи простор да се бори за Лига Европа. 
https://