Македонија
29. April 2019 - 16:26

Конечно отворен стационарот за бездомни кучиња во Штип-ќе се врши и еутаназија

По една и пол година од изградбата, профункционира стационарот за бездомни животни во Штип, откако од Агенцијата за храна и ветеринарство доделија времена дозвола за работа од 6 месеци. Штипската ветеринарна станица во текот на 3 месеци ќе врши заловување, згрижување и медицински третман на кучињата скитници. Досега се заловени 27 кучиња од најкритичните делови на градот, каде беа регистрирани напади врз граѓани.

Има и голем број на кучиња кои покажаат присуство на лишманија. Досега имаме еутанизирано 8 кучиња и сметам дека ваквите кучиња не треба да бидат на улиците на град Штип, бидејќи се потенцијална закана за зараза- изјави КРСТО МИТЕВ- ДИРЕКТОР НА ВЕТЕРИНАРНА СТАНИЦА-ШТИП

Овој потег е неопходен, зашто доколку во следниот период некое лице се зарази со лишманија, одговорноста ќе ја сноси ветеринарната станица. Според податоците од терен, улиците во градот едноставно се преплавени од кучиња скитници.

- Оперираме со бројка од околу 10 кучиња, но последните резултати покажуваат дека ќе бидат над 100- додаде Митев

Згрижените кучиња се вакцинираат против беснило, се  чипираат, евидентираат и кастрираат. Здравите кучиња можат да бидат вдомени од заинтересирани граѓани.