Џет-Сет
26. May 2016 - 15:58

КОНЕЧНО ОТКРИЕНО: Еве кој стои позади киднапирањето на синот на Лепа Брена

Киднапирањето на Стефан Живоиновиќ, синот на Брена и Боба, никогаш сериозно не е истражено, а целиот случај е „замрзнат“ бидејќи еден од трагите водел до кабинетот во тоа време на моќниот лидер на ДОС. Ова за Информер.рс тврди пензиониран генерал на полицијата кој кон крајот на 2000. и почетокот на 2001. бил вклучен во истрагата. 

Соговорникот на Информер.рс кој инсистирал да остане анонимен вели дека  тврдења на Восилав Шешењ се основани и дека киднапирањето на синот на Брена и Боба го организирал врвот на тогашната власт. 

Наредбата била дадена од горе: 

Сосема е индикативно тоа што киднапирањето на Стефан Живоиновиќ е единтвено киднапирање во Србија кое никогаш не е до крајот истражено. 

- Истаржителите брзо време по киднапирањето, крајот на декември 2000 година, дошле до траги кои покажувале дека сето тоа било организирано  и претходел договор со висок функционер на ДОС. Не можам да кажам дека е Ѓинѓиќ и дека тој тоа го одобрил, како што сега тврди Шешељ, но тврдам дека неговите најблиски соработници знаеле...раскажува изворот за Информер.рс. 

Лидерот на СРС Воислав Шешељ е запрашан да искоментира на овие наводи, тој  повторува дека е уверен дека позади киднаперите стои лично покојниот преиер Зоран Ѓинѓиќ. 

- Нормално дека Ѓинѓиќ е замешан! Ѓинѓиќ после 5. октомври ја превзеде полицијата и службените легитимации ги подели со „сурчински клан“, во кои тогаш биле и „земунците“. Тие се благодарни на тоа, работеле како службеници на државната безбедност и можеле да прават што ќе посакаат. Затоа не треба да се чудиме што истрагата никогаш не е покрената. 

Полицискиот извор за Инромер.рс нагласува дека ако внимателно се анализира изјавата на Слободан Живоиновиќ која  ја дал за медумите непосредно по киднапирањето, во неа тој ја прозвува тогашната власт. Таа изјава гласи: Им благодарам на властите кои имаа  разбирање за фактот дека ова борба е помеѓу киднаперите, Брена и мене. 

Адвокатот Божо Прелевиќ кој времето на киднапирањето бил заменик министер во полицијата, вели дека постојат идндиции дека позади  киднапирањето стои „земунскиот клан“, но... 

- Вистина е дека дел од властите не сакаа да се пресметува со криминалците. Земунците биле заштитени па набрзо е расформиран во ПОСКОК и поради тоа да ве потсетам е единствената причина зошто поднесов оставка... На другата страна, Брена и Боба беа во страв дали нивното дете ќе преживее ако се вклучи полицијата, се препуштија на преговарачите. А тие се како и сите други киднапери, се појави еден опасен лик кој играше двојна игра. На семејството им зборувал: Кога би ги нашол киднаперите, се и сешто би им правел, а тука со кланот ги делеше парите од киднапирањето, нагласува Прељевиќ, не сакајќи да открие за кого говори. 

Од друга страна пак, поранешниот шеф на УКП, Миле Новаковиќ тврди дека истрагата за киднапирањето не е откажана и тоа не застарува. 

- Шешљ зборува такви глупости што се ежам, ништо од тоа не е точно. Киднаперите на синот на Брена не е решено, но никој од истрагата се нема откажано. прво претпоставуваме дека е замешан некој семеен пријател или деловен партнер. Затоа мислевм дека станува збор за земнунскиот клан. Потоа се појави ново сценарио, дека станува збор за две момчиња, што тоа беше чудно бидејќи секогаш во киднапирање учествуваат повеќе луѓе, изјавил поранешниот генерал. 

За потсетување, Стефан бил киднапиран на 23.ноември кога со неговата мајка тргнал на фризер. Тој се повратил дома за да ги земе ролерите, па тогаш киднаперите го фатиле и го турнале во автомобилот.