Македонија
22. October 2017 - 16:04

Конечно осветена црквата во која почиваат двајца архиепископи на МПЦ

Време е да се вратиме на вредностите што го одржале нашиот народ низ вековите, на вредностите кои поврзуваат а не разделуваат - порача денеска поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, г. Стефан на осветувањето на црквата Св. Наум Охридски во населбата Радишани.

Правете им го на другите тоа што сакате тие вам да го прават за Вас бидејќи тоа е совршениот начин за однесување на секој човек во општеството, додава архиепископот охридски и македонски.

Осветувањето на црквата во Радишани почна синоќа со вечерна богослужба.. Централната божествена литургија за осветување на храмот утринава ја водеше поглаварот на МПЦ во сослужение со владиците на повардарската, преспанско-пелагониската, полошката епархија.

Чинот на осветување на црквата Св Наум Охридски го следеа и огромен број на жители од населбата Радишани но и од останатите градови во државата.

Изградбата на црквата во Радишани е почната пред повеќе од 50 години.. Објектот е осветен во 90-тата, а одтогаш се работи на уредување на внатрешноста. 

Освен храмот, со обновата се реконструирани манастирските конаци но и новата трпезарија..

Црквата Св Наум Охридски овде во Радишани е подигната врз манастирската црква која датира од 1936 година.. Овој храм е вечно почивалиште на претходните архиереи на Македонската православна црква Гаврил и Михаил..

Инаку осветувањето на црквата е во рамки на одбележувањето на 50 годишнината од возобновувањето на афтокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.