Loading Video...
Кошарка
31. October 2018 - 10:19

Конечно и Кливленд се радуваше на победа

Минатогодишниот финалист во НБА лигата, Кливленд конечно ја оствари првата победа во новата сезона. Откако пред два дена го сменија тренерот Тајрон Лу, „Кавалирси“ ја остварија првата победа сезонава и тоа против Атланта со 136:114. Седумина кошаркари на Кливленд средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Родни Худ со 26. 

Расел Вестбрук и Пол Џорџ кои постигнаа со 32 поени ја предводеа Оклахома до победата на домашен терен против Лос Анџелес Клиперс со 128-110. 

Без повредениот Џејмс Харден, тимот на Хјустон претрпе нов пораз, овојпат на домашен терен од Портланд со 85-104. Кај „Рокетс“ најефикасен беше Крис Пол со 17 поени, додека новото засилување Кармело Ентони разочара со само 8 поени. Дамијан Лилард беше најдобар кај победникот со 22 коша, седум асистенции и три скока.

На останатите средби беа постигнати овие резултати: 

Мемфис – Вашингтон 107:95
Торонто – Филаделфија 129:112
Бостон – Детроит 108:105
Шарлот – Мајами 125:113
Орландо – Сакраменто 99:107