Џет-Сет
22. November 2017 - 9:06

Конечно добри вести од Оливер Драгојевиќ

Оваа информација фановите долго време ја чекаа, легендата не се откажува. Настапот на Оливер Драгојвиќ на вториот концерт зависи од дозволата на неговите лекари, а тој сака да пее за болните деца од една клиника.

-Оливер смета дека ќе може да одработи и вториот концерт. Немам тука ништо дрвено да чукнам. Добро е Оливер. Добро ја поднесува терапијата, а таа делува, кажа менаџерот на пејачот, Ненад Дробњак, за концертот во Сплит на 15 декември.

Првиот концерт на 69 годишниот Оливер Драгојевиќ во Спаладиум Арената е распродаден во рекорден рок од осум часа.

Поради големиот интерес од неговите обожаватели, организаторите и пејачот размислуваат за тоа да направат уште еден концерт ден подоцна. Одлуката ќе биде донесена најдоцна во среда.

-Се зависи од одговорот на лекарите на Оливер. Му посакуваме добро и ги почитуваме неговите желби. Мислам дека има и друг концерт. Мојата препорака до сите заинтересирани е да не се купуваат карти од препродавачи, вели Дробњак.

Освен концертот во Сплит, Оливер сака да настапи и загребската сала Лисински на 22 декември. Тогаш ќе свири за децата од Клаичевата болница.

Тој концерт е договорен уште пред летото, исто како и оној во Спаладиум Арената.

-Се случи болеста, па застанавме, вели Дробњак.

На првиот концерт на Оливер потврдено е дека ќе настапат неколку познати хрватски ѕвезди и групи, како Џибони, Теди Спалато, Стјепан Хаузер…

За вториот концерт сигурен е Спалато, додека Хаузер веќе има договорен настап во Будимпешта, Џибони се уште го нема потврдено второто гостување.