Loading Video...
Спорт плус
12. September 2019 - 9:46

Конечно: Деби на македонските одбојкари на ЕП

Конечно дојде и толку очекуваниот 12 септември, ден кој ќе биде впишан во историјата на македонската репрезентативна одбојка, како ден на кој за прв пар Македонија настапува на завршницата на Европскиот шампионат.    

Минаа долготрајните (повеќе од) 2,5 месеци подготовки, па денеска црвено-жолтите ќе го играат првиот меч на шампионатот. 
 
На шампионатот кој за прв пат брои 24 учесници, а ќе се игра во четири земји, македонската репрезентација ќе настапува во групата Ц во Љубљана (арена „Стожице“) 
 
Прв противник на црено-жолтите е Финска која досега има 17 настапи на Европските првенства, а највисокиот пласман го оствариле на првенството во Москва 2007-година кога завршија на 4.место.,
 
Дуелот меѓу Македонија и Финска кој ќе започне до 17:30 часот е втор во нашата група во која денеска ќе се играат и средбите, Турција - Русија (од 14:30 часот) и Словенија - Белорусија (од 20:30 ч.)
 
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕП 
 
МАКЕДОНИЈА - Финска (12 септември, 17.30 ч.), 
МАКЕДОНИЈА - Турција (13 септември, 17.30 ч.), 
МАКЕДОНИЈА - Русија (14 септември, 17.30 ч.), 
МАКЕДОНИЈА - Белорусија (16 септември, 20.30 ч.) 
МАКЕДОНИЈА - Словенија (17 септември, 17.30 ч.).