Македонија
19. July 2020 - 21:13

Кондарко: Комисијата не е шалтер за изгубено-најдено

Поранешниот претседател на ДИК Борис Кондарко на јавната седница што се одржа денес соопшти дека комисијата не е шалтер за изгубено-најдено.

- Имавме регуларни избори. Целата јавност можеше да види каков беше одзивот. ДИК не е шалтер изгубено-најдено, па некоја партија ако и фалат гласовите да ги бараат во ДИК. ДИК ги утврдува гласовите на граѓаните. ДИК ја почитува волјата на граѓаните. Партиите да не ја мешаат политиката во ДИК, а гласовите да си ги бараат кај граѓаните. Никој не може да манипулира за наводни неправилности во работата на ДИК.

Ова што се наведува во приговорите е класично мешање на политиката во ДИК, ова е клеветење на изборниот процес. Приговорните се целосно паушални и неосновани. Ова важи и за претходно и отфрлените приговори на Левица и за сите наредни приговори кои ќе ги разгледуваме. Сите имаат исти наводи и основи. ДИК не работи врз основа на фејсбук, туку врз основа на закон.“ – кажа Кондарко.