Џет-Сет
16. April 2018 - 15:39

Кончита Вурст поради уцените на бившиот дечко призна дека е ХИВ позитивен!

Победничката на Евросонг во 2014 година, Кончита Вурст од Австрија, изјави дека е ХИВ-позитивна и дека е на редовен третман веќе со години, објави Би-би-си. Дваесет и деветгодишната ѕвезда вели дека не сакала да ја открие информацијата, но дека била уценета од страна на поранешното момче, кое ѝ се заканило дека ќе објави во јавност за нејзината состојба.

„Никому не му давам право да ме заплаши и да му влијае на мојот живот. Подобро е да обелоденам сама отколку да се дознае од трета страна“ вели Кончита.

Вурст додава дека редовното лекување го потиснало вирусот до степен до кој не може да се открие во нејзината крв и повеќе не може да се пренесе на друг.

„Се надевам дека ќе им дадам на другите храброст и ќе направам уште еден чекор против стигматизацијата на луѓето што преку сопственото однесување или преку други се заразени со ХИВ“, додаде таа.