Македонија
14. May 2020 - 19:39

Концесионерите на плажите во Охрид не можат гостите да ги чуваат под стаклено ѕвоно

Се уште не се знае под кои правила и прописи ќе работат плажите долж охридското езеро ова лето. И додека во останатите туристички центри се развиваат необични концепти за на идните гости да им обезбедат неопходна дистанца како што се преградени плочи од плексиглас , регистрирање на бројот на посетителите, растојание од еден и пол метар меѓу лежалките од различни чадори. Концесионерите на плажите кај нас велат дека не можат гостите да се  држат во стаклено ѕвоно но сепак дека ќе ги почитуваат препораките, лежалките ќе ги намалат за 40 проценти бидејќи најважно е да се започне со сезоната .

Со оглед на тоа дека договорите за стопанисување им се одамна истечени концесионерите бараат за оваа сезона да не им се наплаќа закупнина на просторот бидејќи и онака ќе имаат огромни штети поради сосотојбата со корона вирусот.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека она што е првенствено важно за туристите е да се врати чувстото на сигурност.

Гостите кои доаѓаат во туристичките центри ,плажите ги доживуваат како место за одмор и опуштање така што останува отворено прашањето дали тие воопшто ќе бидат подготвени за одмор на плажа зад пексиглас со заштитни маски и без забави во баровите.