Македонија
20. March 2016 - 12:21

Концерт за пролетта на Градскиот дувачки оркестар на МКЦ

По повод одбележувањето на Денот на пролетта, Градскиот дувачки оркестар на Младинскиот културен центар ќе одржи концерт кај Школка во Градскиот парк.

Оркестарот ќе изведе композиции од Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус...

Членовите на Градскиот дувачки оркестар се, главно, професионални музичари, како и студенти од Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Досега оркестарот има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични свечени настани.