Македонија
24. October 2015 - 8:52

Концерт „Песни и ора од Егејот“

Во Македонската опера и балет вечер ќе се одржи 11. традиционален концерт „Песни и ора од Егејот“. Ќе гостуваат фолклорната група „Св. Петка“ од село Жерви, Воденско, Егејски дел на Македонија, Национален ансамбл „Танец“ од Скопје, КУД „Кочо Рацин“ од Скопје, Љубен Стојанов од Петрич, Пирински дел на Македонија, Ристо Велковски од Скопје, Зоран Марковски, Мартин Костовски и Оливер Настовски.

Организатори на концертот се „Здружението за духовно обединување на Сетинци-Попадинци и Крушорадци од Лерин во Македонија“-Скопје, формирано во 1997 година и Сојузот на Македонците по потекло од Егејот - „МАКЕДОН“.

Програмата, според организаторите, е традиционална и има за цел да ги запознае нашите во Егејот со македонските песни, ора, јазик и култура.