Концерт на женскиот младински хор при МКЦ
Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар од Скопје, под диригентство на маестро Сашо Татарчевски вечер во салата „25 Мај“ во МКЦ ќе одржи концерт „Миса бревис, Лукс етерна“.
Програмата вклучува дела од францускиот композитор Лео Делиб и од нашиот автор Александар Пејовски, меѓу кои и една праизведба. Овој тип вокално-инструментални композиции кај нас многу ретко се изведуваат, така што концертот претставува несекојдневна можност публиката во Скопје да чуе музика од овој жанр.
Освен Женскиот младински хор, во изведбата ќе учествуваат и гудачки оркестар и солисти, како и познатите музички уметници Марија Вршкова, Јанинка Невчева и Сара Мејс на челеста, органа и харфа. Концертот ќе почне во 20.30 часот, а влезот е слободен.
Женскиот младински хор при МКЦ веќе 43 години континуирано и успешно работи и е еден од најнаградуваните македонски хорски ансамбли на меѓународни хорски натпревари.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот