Македонија
15. July 2016 - 9:32

Концерт на триото „Ad libitum“ во Кавадарци

Триото „Ad libitum“ вечер ќе одржи концерт во Музејот на вкусовите и традиционалната храна и вино во Кавадарци.

Триото „Ad libitum“ е во состав Силвана Чулева Атанасова на флејта, Лазар Соколов на кларинет и Емилија Кабранова Филипова на пијано.

Претходно триото настапи во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“, во рамки на Прилепско културно лето.

„Ad libitum“ на 20 јули ќе настапи на Скопско културно лето, а на 22 на фестивалот на класична музика „Врњци“ во Србија.