Македонија
24. December 2019 - 8:42

Концерт на пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева

Пијанистките Мимоза Ќека и Јована Трајчева вечер од 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата ќе одржат концерт насловен „Празнична рапсодија“. На програмата се дела од Чајковски, Лист, Пјацола, Рахмањинов, Равел…

Нивниот концерт следува по успешните гостувања во Париз и Рим, каде што настапија со пијано дуо рецитали на фестивалот „Музички недели“ во Париз и на „Concerti del Tempietto“ во Рим.