Македонија
23. јуни 2019 - 11:07

Концерт на отворено „Ну Погоди“ на Филхармонија во Градскиот парк во Скопје

Концерт „Ну Погоди“ на отворено со познати теми од култните цртани филмови од земјите од Источниот блок, кои го одбележаа детството на генерациите од 70-тите и 80-тите години организира Филхармонијата, вечерва во Градскиот парк во Скопје. Во аранжмани на Владимир Николов и под диригентската палка на Џијан Емин оркестарот ќе свири теми од цртаните „Балтазар“, „Мечето Ушко“, „Козле Бозле“, „Ну Погоди“ и други. Концертот се организираат во соработка со Младинскиот културен центар и со поддршка на Град Скопје, во рамки на серијалот „Филгармонијата на отворено“.