Македонија
18. July 2018 - 9:08

Концерт на Октетот „Прилеп“

Во изложбениот салон на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, вечер октетот „Прилеп“ ќе одржи целовечерен летен концерт и пред љубителите на убавата староградска песна ќе се претстави со избрана програма.

Посетителите ќе можат да уживаат во изведбите на староградски песни на Октетот, меѓу кои, публиката ќе ги слушне „Свири, свири виолино“, „Дај ми љубов Трено“, „Се посврши Сербес Донка“, „Овој живот мој“.

Октетот „Прилеп“ со години работи под покровителство на ЦК „Марко Цепенков“ и ја негува староградската песна и го претставува градот на бројни фестивали. Досега има издадено неколку албуми.