Македонија
19. April 2017 - 8:36

Концерт на младата пијанистка Ирина Павлова

Со делата на Моцарт, Бах, Сент Санс, Паганини и Шуплевски, младата виолинистка Ирина Павлова вечерва, со почеток во 20 часот, во Музеј на град Скопје, ќе го реализира својот прв солистички концерт.

Пијано придружбата ќе биде во изведба на проф. Весна Ангелова Христов.

Гости на концертот ќе бидат учениците од Средно музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, Олег Цингарски-виолончело, и Наталија Калајџиеска -пијано.

Павлова е ученичка во втора година Средно музичко училиште ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, во класата на професор Горан Муратовски.