Македонија
14. October 2016 - 8:19

Концерт на камерна музика во КИЦ-Скопје

Концерт на камерна музика со музичарите Карлос Казанова-кларинет, Смералд Спахиу-виолина, Астерид Проси-виолончело, Сихана Бадивуку-виолина и Блерим Груби- виола ќе се одржи вечер во Културно-информативниот центар - Скопје.

Блерим Груби е роден во Скопје, во 1965 година. Покрај искуството како член на  Македонската филхармонија има и искуството со оркестарското свирење, а паралелно остварува и уметничка кариера како солист и камерен музичар. 

Аристид Проси е роден во 1957 година. Учесник е на мајсторски курсеви во значајни музички центри во Европа со видни имиња, клучен дел од неговата кариера е камерната музика. Член е на Гудачкиот квартет  „Тирана”, со кој настапува на бројни сцени во Европа. Со истиот квартет издадени се три компакт диска.   

Смералд Спахиу е роден во Албанија. Тој соработува со различни групи на камерна музика, како концерт мајстор. Спахиу е основач на инструменталната група „Камерниот оркестар на филм“,  кој извршува дејност на аудиовизуелни емитувања на музиката.                    

Карлос Казанова од Шпанија е еден од најталентираните  музичари на неговата генерација и еден од ретките европски кларинетисти кои брилијантно го владее кларинетот во двата постоечки системи, француски и германски. Тој е првиот Шпанец кој е регистриран за интегрирани квартети за кларинет од финскиот композитор БХ CRUSELL, со солист Волфганг Мејер, со кого го објавил, Sinfonia Кoncertante за два кларинети верзија на Милер и гудачки квартет.    

Сихана Бадивуку-Хоџа е родена во Приштина. Таа е концерт мајстор на Косовската филхармонија, член на ансамблот „ВИВЕНДИ“, Гудачкото трио „КОСОВА„.  Ангажирана е во повеќе жирија на интернационални натпревари во Приштина, каде е и уметнички директор на фестивалите „Косовакамерфест“. Основач и претседател е на фондацијата „Арс“.