Концерт на Градскиот дувачки оркестар
Градскиот дувачки оркестар, кој работи при Младинскиот културен центар, денеска ќе одржи концерт во Градскиот парк во Скопје, на Школка.
Концертот ќе трае околу еден час, а ќе бидат изведени повеќе композиции како Здраво! (Hello – R. Cardon), Њујорк, Њујорк (New York, New York – J.Kander arr. E.Charleton), Вчера (Yesterday – J.Lennon and P.M.McCartney arr. C.North)...
Градскиот дувачки оркестар е составен од членови, главно професионални музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Досега има настапувано на речиси сите значајни манифестации, државни празници и најразлични настани давајќи им свечана нота.
На репертоарот на оркестарот се наоѓаат дела на Добсшески, Милер, Харисон, Макартни, Леј, Моцарт, Андерсон, Манквина, Верди, Штраус, Ленон...
Ново на Сител
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто
-
Штипјанец и скопјанка ги фотографирале гласачките ливчиња
-
Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
-
Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на гласачко место во Скопје
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд