-->
-->
Концерт „Кон корените“ на Женскиот младински хор
-->
Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар под диригентство на Сашо Татарчевски вечерва во салата „25 Мај“ во МКЦ ќе одржи концерт насловен „Кон корените”.
На концертот ќе бидат презентирани повеќе македонски композитори од најстарата генерација. Програмата вклучува дела од Ристо Аврамовски, Трајко Прокопиев, Тодор Скаловски, како и од Стефан Гајдов, Кирил Македонски и Властимир Николовски. Покрај концертот, публиката ќе може да проследи и кратка презентација за секој од композиторите. Влезот е слободен, а концертот започнува во 20:30 часот.
Женскиот младински хор при МКЦ е со богата традиција од 43 години и е еден од најнаградуваните македонски хорски ансамбл во странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците