Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.
-Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Последната група се предаде денеска“, додаде тој.
Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили
Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.
Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.
Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.
Ново на Сител
-
Нови 1.233 заразени, 1.450 оздравени и седум починати од КОВИД-19
-
Кинески авиони повторно ја преминаа централната линија во Тајвански Теснец
-
Белата куќа: Борбите во близина на нуклеарната централа Запорожје се опасни
-
Ердоган: Работиме на воспоставување стабилност и просперитет на Балканот
-
Андрулакис бара од Мицотакис да каже зошто бил прислушуван
-
Македонски државјани „гарант” за косовски граѓани во обидите од Драч да заминат за Италија
-
Две лица осомничени за разбојништво во Скопје
-
Николоски: Споменот за загинатите херои е вечен