Конашенков: Челичарницата „Азовстал“ е целосно ослободена
Руското Министерство за одбрана вечерва соопшти дека фабриката „Азовстал“ во Мариупол е целосно ослободена.
-Територијата на металуршката фабрика „Азовстал“ во Мариупол, каде група украински милитанти од нацистичката формација „Азов“ беше блокирана од 21 април годинава, е целосно ослободена, изјави вечерва портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.
„Последната група се предаде денеска“, додаде тој.
Руските медиуми пренесоа дека министерот за одбрана, Сергеј Шојгу, веќе го информирал претседателот Владимир Путин за завршувањето на операцијата и целосното ослободување на „Азовстал“ и градот Мариупол од украинските сили
Министерот Шојгу кажа дека подземните објекти во фабриката се под контрола на руски војници.
Министерството за одбрана соопшти дека 2.439 неонацисти од „Азов“ и украински војници заглавени на територијата на фабриката го оставиле оружјето и се предале. Последната група од 531 милитант се предала денеска.
Овие тврдења не можат да се потврдат, а украинската страна се уште не одговори на веста на руското МО.
Ново на Сител
-
Повреден полицаец | ФОТО
-
Заев – Помпео во Атина: Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години
-
Сарацин во официјална посета на земјава, ќе има средба со Маричиќ
-
Ескалира ситуацијатa на протестот пред Собрание | ВИДЕО
-
Помор на риби во Раец - испуштена непозната течност од возило во реката
-
Руте: Ако Скопје не го прифати францускиот предлог, Тирана сама да го продолжи патот
-
Мишел: Ако има одлука што нема да биде „да“ ќе чекаме уште многу долго за нов предлог
-
Сообраќајка во Кисела Вода