-->
-->
Кон: Колективен имунитет во Србија ако се вакцинираат 1.5 милиони жители
-->
Масовната имунизација на најмалку 1,5 милиони жители на Србија обезбедува колективен имунитет што ќе биде доволен за да се спречат епидемиските бранови на коронавирусот. Тоа го нагласи српскиот епидемиолог и член на кризниот штаб, Предраг Кон.
Во порака на Фејсбук тој наведува дека за целосно сузбивање на корона вирусот потребен е колективен имунитет од над 80 проценти, односно да се вакцинираат до три милиони жители.
Според него, голем број (до 40 проценти) стекнале имунитет по контакт со вирусот, со тоа што прележале Ковид-19 или имале асимптоматска инфекција.
Тој посочи дека резултатот од масовната имунизација ќе зависи од одзивот на населението, но и од можноста тоа да не стане тема за поделби туку тема за лична заштита, но и солидарност.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората